вторник, 9 декември 2025

Научниците докажаа дека еден ден на Уран трае 28 секунди подолго отколку што се мислеше

Научниците објавија дека вселенскиот телескоп Хабл потврдил дека на планетата Уран ѝ требаат 17 часа 14 минути и 52 секунди за да ротира, што е за 28 секунди повеќе од проценката на телескопот Војаџер 2 направена во осумдесеттите години на минатиот век.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Тим предводен од научници од Франција ги следеше магнетните полови на Уран.

Ова обезбеди попрецизно мерење на ротацијата на Уран, која е седма планета од Сонцето.

На таа далечина, на Уран му требаат 84 Земјини години за да направи цел круг околу Сонцето.

„Набљудувањата на Хабл беа клучни“, изјави Лоран Лами од Париската опсерваторија.

Телескопот Хабл беше испратен во орбитата пред 35 години, на 24 април 1990 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ