четврток, 19 јуни 2025

Научниците анализирале 10.000 скенирања на мозокот и откриле што всушност го штити

Здрав и бистар мозок е клучен за квалитетно стареење, а најновото истражување објавено во „Журнал за Алцхајмерова болест“ потврдува дека физичката активност игра исклучително важна улога во зачувувањето на когнитивните функции.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Со анализа на повеќе од 10.000 скенирања на мозокот, истражувачите пронајдоа јасна врска помеѓу нивоата на физичка активност и структурата на мозокот. Луѓето кои редовно вежбале имале поголем волумен на сива материја, која е важна за меморијата, емоциите и движењето, како и повеќе бела материја која помага при учењето, концентрацијата и рамнотежата.

„Вежбањето не само што го намалува ризикот од деменција, туку помага и за зачувување на големината на мозокот, што е клучно како што старееме“, објаснува д-р Сајрус Раџи, раководител на истражувањето, пренесува УмТелоЗелено.

Добрата вест е дека дури и умереното ниво на движење може да биде корисно.Докторот Дејвид Мерил истакнува дека дури и 4.000 чекори дневно се доволни за позитивен ефект врз мозокот – што е значително помалку од често цитираните 10.000.

Се препорачуваат 150 минути умерено вежбање, заедно со два дена вежби за телото. Ова може да бидат три брзи прошетки од 30 минути, еден час јога и неколку лесни вежби со тегови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ