среда, 21 мај 2025

Научници: Шимпанзата комуницираат со тапани во правилен ритам

Шимпанзата и луѓето имале заеднички предок пред околу шест милиони години, научниците претпоставуваат дека овој древен предок мора да бил тапанар – користејќи ритам за комуникација.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата способност да произведуваме ритам и да го користиме се чини дека е постара од луѓето“, изјави коавторот на студијата, Кет Хобејтер, приматолог на Универзитетот Сент Ендрус.

Претходните истражувања покажаа дека шимпанзата имаат препознатлив стил на свирење тапани.

Новата анализа на 371 пример на шимпанза кои тропаат на тапани покажува дека тие „јасно свират на своите инструменти – стебла на дрвјата во правилни ритми“, рече истражувачот за музичко спознание од Универзитетот во Амстердам, Хенкјан Хонинг, кој не беше вклучен во студијата.

Кога скокаат низ џунглата, понекогаш удираат во корените на дрвјата неколку пати што може да се слушне на километар или повеќе низ шумата.

Научниците веруваат дека ова тропање е форма на комуникација, можеби за да се предупредат другите шимпанза каде се наоѓа или каде оди шимпанзото.

„Тоа е начин на социјална комуникација“, рече Хобаитер, додавајќи дека секое шимпанзо има „индивидуален потпис, шема што ви овозможува да препознаете кој го произведува тоа тропање на тапани“.

Новото истражување покажа дека шимпанзата од различни региони на Африка тропаат со сосема различни ритми, при што западните шимпанза претпочитаат порамномерен ритам, додека источните шимпанза користат различни кратки и долги интервали помеѓу отчукувањата. Истражувањето беше објавено во петокот во списанието Курент бајолоџи.

Добро е познато дека шимпанзата користат алатки како камења за кршење ореви и стапчиња за „ловење“ термити од нивните насипи.

Шимпанзата се селективни во однос на тоа кои корења на дрвјата ги удираат, вели коавторката Кетрин Крокфорд, приматолог во Институтот за когнитивни науки на ЦНРС во Франција. Одредени облици и видови дрвја создаваат звуци што лесно се слушаат низ густата џунгла, а ова е веројатно „многу важен начин за воспоставување контакт“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ