понеделник, 8 декември 2025

Научници откриле стаклени топчиња формирани од удар на метеорит пред 11 милиони години

Истражувачите во пустините на Австралија пронашле необични стаклени топчиња кои се доказ за удар на метеор пред 11 милиони години, пренесува денеска Сајенс аларт.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Како што покажа анализата на зрнцата најдени во Јужна Австралија, тие имаат уникатен состав, создаден со топење на метеорити при удар, што не е пронајден никаде на друго место во светот.

Истражувачите укажуваат дека овие новооткриени минерали, наречени анангуити, се формирале при голем удар што се случил пред околу 11 милиони години.

Но, геолозите сè уште не пронашле никакви траги од кратер поврзан со овој настан, кој морал да биде доволно моќен за да остави минерални траги зачувани милиони години.

„Овој вид стакло од кое се направени топчињата е уникатен за Австралија и сведочи за настан за кој дури и не знаевме“, изјави геохронологот и геохемичар од Универзитетот Куртин во Австралија, Фред Џордан.

Според него, топчињата се формирале кога астероид ја погодил Земјата, топејќи ја површинската карпа и расфрлајќи ги остатоците илјадници километри наоколу.

Тој додаде дека тие парчиња стакло се како мали временски капсули од далечната историја на нашата планета.

Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието „Писма за Земјата и планетарната наука“.

Локацијата каде што се случил ударот на метеоритот сепак останува голема мистерија, а научниците сè уште не го пронашле кратерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ