среда, 11 февруари 2026

Научен институт бара 10 волонтери: Задачата е да лежат 10 дена за 5.000 евра

Институтот за вселенска медицина и физиологија (Медес) во Тулуз бара 10 здрави мажи за студија што симулира бестежинска состојба во вселената, а од волонтерите ќе се бара да лежат 10 дена, и тоа за 5.000 евра.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Избраните волонтери ќе поминат 10 дена во благо наклонета положба, практично врзани за кревет, со внесување на само 250 калории дневно, пренесе порталот БФМ ТВ. За учество, секој испитаник ќе добие 5.000 евра. Кандидатите мора да бидат мажи на возраст меѓу 20 и 40 години, кои спортуваат и се во совршено здравје.

„Експериментот е планиран за јуни, а неговата цел е да се проучи влијанието на нултата гравитација врз човечкиот метаболизам и исхрана, што е клучно за идните подолги вселенски мисии“, истакнува раководителката на проектот Амандин Фабре.

Институтот веќе има добиено бројни апликации, вклучувајќи и од поранешни учесници. Еден од нив, Ерван, учествувал во сличен експеримент во 2023 година во кој поминал 60 дена во кревет и за тоа добил 18.000 евра.

„Првите неколку часа телото се адаптира побавно, но потоа многу брзо сфаќате како телото се навикнува на тоа“, изјави Ерван за БФМ ТВ.

Студијата во Тулуз е дел од поширока истрага за физиолошките предизвици што луѓето можат да ги доживеат за време на долг престој во вселената.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ