„Ние како здружение на производители и мали дестилерии за јаки алкохолни пијалаци, го организираме фестивалот по трет пат, заедно со Вински музеј за регион Тиквеш во Кавадарци, под покровителство на градоначалникот и локалната самоуправа“, појаснија организаторите на настанот, што ќе се одржи на 21 јуни.
Ќе се оценуваат лозова жолта до три години и постара, лозова бела и мастика, овошни ракии од слива, диња, кајсија и крушка, ликери, други специјални ракии. За повеќе од седум пристигнати мостри на одреден вид ракија, ќе се формира и посебна категорија за оценување.
Организаторот најави и награди, информирајќи дека оценувањето ќе го врши единаесетчлена комисија на сертифицирани оценувачи од земјава, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Индија.