среда, 7 мај 2025

Нашите предци го пиеле често: Сок кој го штити срцето и го намалува крвниот притисок

Сокот од цвекло е природен начин за зајакнување на имунитетот, чистење на телото и подигнување на нивото на енергија. Овој едноставен пијалак е вистинска витаминска бомба.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Цвеклото е познато како зеленчук богат со железо, калиум, витамин Ц и моќни антиоксиданти. Кога се консумира во форма на сок, помага за подобрување на циркулацијата на крвта, придонесува за регулација на крвниот притисок и ја промовира природната детоксикација на телото, пишува Нова.рс.

Поради својот специфичен, земјен вкус, цвеклото често се комбинира со други состојки во пијалаците – најчесто лимон, кој го освежува и малку го неутрализира неговиот интензивен тон, а по желба и со овошје како јаболко или морков.

Рецепт за домашен сок од цвекло

Потребни состојки:

  • 2 до 3 цвекла со средна големина
  • 1 до 2 јаболка (за природна сладост, по избор)
  • Сок од еден лимон
  • Вода по потреба

Цвеклото убаво измијте го, отстранете ја кората и ако плодовите се поголеми исечете ги на помали парчиња за побрзо да се приготват.

Гответе во вода околу половина час, додека не омекне. После тоа оставете го да се излади и излупете го.

Вареното цвекло, исечканите јаболка (ако ги користите) ставете ги во миксер и покријте сè со свежо цеден сок од лимон. Додадете малку вода за смесата полесно да се соедини.

Кога ќе добиете мазна текстура, по желба, процедете го сокот преку газа или сито за да добиете почист пијалак.

Послужете веднаш или оставете го во фрижидер да се излади. Можете да додадете малку мед или коцки мраз за дополнителна свежина.

Овој природен напиток можете да го пиете секој ден, како дел од појадокот или како додаток на омиленото смути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ