понеделник, 8 декември 2025

НАСА: Три планети со големина на Земјата кружат околу две ѕвезди

Вселенскиот телескоп Тесс на американската агенција Наса откри три планети со големина на Земјата кои кружат околу бинарниот систем ТОИ-2267, оддалечен околу 72 светлосни години, соопшти меѓународниот истражувачки тим.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Системот се состои од „две црвени џуџиња“, одделени со растојание осум пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето, пренесува агенцијата Анса.

Според научниците, две планети поминуваат околу една ѕвезда, додека третата кружи околу друга, што го прави ТОИ-2267 првиот познат бинарен систем во кој се забележани планети околу двете ѕвезди.

Првата планета ја завршува својата орбита за околу 3,5 дена, додека преостанатите две имаат орбитални периоди од 2,03 и 2,28 дена.

Сепак, втора планета сѐ уште не е потврдена.

Откриениот систем е најкомпактниот и најстудениот бинарен систем со планети познати досега, велат научниците.

Главниот автор на студијата, Себастијан Зунига-Фернандез од Универзитетот во Лиеж во Белгија, оцени дека системот претставува единствена лабораторија за проучување на формирањето и стабилноста на карпестите планети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ