вторник, 10 март 2026

НАСА со итно соопштение: Сателит надвор од контрола

Сателит на НАСА, со тежина од околу 590 килограми, брза назад кон Земјата и би можел денеска неконтролирано да влезе во атмосферата по речиси 14 години во орбитата.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата задолжена за следење на овој сателит предвидува дека можно време на влегување на Сонда Ван Ален во атмосферата би можело да биде 19:45 часот (источно американско време) или 45 минути по полноќ по локално време.

Се нагласува дека времето може да варира и до 24 часа бидејќи вселенското летало се движи со брзина од илјадници милји на час, а временскиот прозорец за повторно влегување трае речиси еден ден. Научниците не можат точно да предвидат каде би можеле да паднат некои парчиња, пренесува Асошиејтед прес.

НАСА се огласи и според нивните очекувања, поголемиот дел од вселенското летало ќе согори кога ќе помине низ атмосферата на Земјата со голема брзина. Сепак, тие тврдат дека некои делови би можеле да го преживеат падот.

Ризикот некој да биде повреден е исклучително мал и се проценува на приближно 1 спрема 4.200 проценти.

Мисијата на вселенското летало Сонда Ван Ален заврши во 2019 година, а научниците првично очекуваа да се врати на Земјата дури во 2034 година. Сепак, овие пресметки беа направени пред да се открие дека тековниот сончев циклус е многу поактивен отколку што се очекуваше.

Во 2024 година, научниците потврдија дека Сонцето достигнало сончев максимум, што предизвикало моќни вселенски бури и зголемено отпор во горната атмосфера, забрзувајќи го спуштањето на леталото кон Земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ