недела, 13 април 2025

НАСА: Последното зимско помрачување на Месечината ќе биде видливо од западната хемисфера

Последната полна месечина во зимскиот период, позната како Месечина на црвите, ќе биде во сенка на Земјата ноќта меѓу 13 и 14 март, во зависност од временската зона и ќе биде видлива од западната хемисфера на Земјата, соопшти Американската вселенска агенција (НАСА).

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Домородните Американци последната полна месечина во зимскиот период ја нарекоа Месечина на црвите по црвите и другите суштества кои излегуваат од своите зимски скривалишта за да ја дочекаат пролетта.

Затемнувањето на Месечината се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината се порамнуваат така што Месечината паѓа во Земјината сенка, а за време на целосното затемнување што се очекува оваа година помеѓу 14 и 15 март, целата Месечина ќе биде во сенка на Земјата, пренесува Си-би-ес њуз.

За време на ова затемнување, Месечината ќе има црвено-портокалова боја и затоа овој феномен понекогаш се нарекува „крвава месечина“, се вели во соопштението на НАСА.

За време на затемнувањето, Месечината добива црвеникава боја бидејќи целата сончева светлина што не е физички блокирана од Земјата се филтрира низ „густиот слој на земјината атмосфера“.

„Колку повеќе прашина или облаци има во атмосферата на Земјата за време на целосното затемнување на Месечината, таа ќе изгледа поцрвена“, според НАСА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ