петок, 26 декември 2025

НАСА: Планета во облик на лимон може да има наоѓалишта на дијаманти (ВИДЕО)

Атмосферата на планетата во облик на лимон, наречена ПСР Ј2322-2650 б, која беше откриена во 2017 година од вселенскиот телескоп Џејмс Веб што кружи околу пулсар – ротирачка неутронска ѕвезда, се состои главно од хелиум и јаглерод, и може да содржи наоѓалишта на дијаманти, соопшти Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА) и Универзитетот во Чикаго.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Водечкиот истражувач Мајкл Жанг од Универзитетот во Чикаго нагласи дека ова е сосема нов тип на планетарна атмосфера, што никогаш порано не е забележано.

Наместо типични молекули како вода, метан или јаглерод диоксид, атмосферата на новооткриената планета содржи молекуларен јаглерод, поточно молекули составени од два и три атоми на јаглерод, според студија објавена во „Астрофизикал џурнал летерс“.

Молекуларниот јаглерод е невообичаен бидејќи на температури од околу 650 степени Целзиусови на ноќната страна и над 2.000 степени Целзиусови на дневната страна на планетата, може да се врзува со други видови атоми, доколку тие се присутни во атмосферата. Молекуларниот јаглерод доминира само кога нема кислород или азот.

Планетата кружи околу пулсарот со орбитален период од нешто помалку од осум часа и постојано ја држи едната страна свртена кон пулсарот, слично како што Месечината прави со Земјата, додека гравитациското влијание на пулсарот е толку големо што планетата е растегната во форма на лимон.

Беше утврдено дека масата на планетата е слична на онаа на Јупитер и дека планетарниот систем е оддалечен 750 светлосни години од Земјата, а она што ги заинтригира научниците беше нејзината необична атмосфера. Покрај фактот дека атмосферата на необичната планета е доминирана од хелиум и јаглерод, откриено е дека е разнесена од силни западни ветрови, кои можат да подигнат облаци од саѓи, а длабоко во планетата, саѓите можат да кондензираат и да формираат дијаманти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ