петок, 25 јули 2025

НАСА откри нова планета со можни услови за живот

НАСА, користејќи го телескопот Џејмс Веб, ја откри планетата ТВА 7б, оддалечена 34 светлосни години, која има околу 100 пати поголема маса од Земјата и се наоѓа во потенцијално погодна зона за живеење.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за млада и ладна планета, со температура од околу 49 степени Целзиусови, што се вклопува во температурниот опсег во кој може да опстане живот.

Планетата орбитира околу млада црвена џуџеста ѕвезда, ТВА 7, опкружена со диск од прашина, пренесува Еј-би-си њуз.

Ова е прва директна слика на планетата со телескопот Веб, со помош на техника со висок контраст што овозможува да се видат слаби објекти покрај светли ѕвезди. Откритието потврдува дека телескопот може да пронајде и планети со мала маса во близина на ѕвезди и дава нови сознанија за формирањето и структурата на планетарните системи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ