понеделник, 8 декември 2025

НАСА објави нови слики од меѓуѕвездена комета 3И/АТЛАС (ВИДЕО)

Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА) објави нови слики од меѓуѕвездената комета 3И/АТЛАС, која влезе во нашиот Сончев систем и за која изјави дека не претставува закана за Земјата.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Кометата 3И/АТЛАС е третата позната комета од друг ѕвезден систем која влегла во нашиот Сончев систем, по кометата Оумуамуа во 2017 година и 2И/Борисов, која влезе во нашиот Сончев систем во 2019 година, пренесува денес Фигаро.

НАСА потврди дека кометата не претставува закана за Земјата и дека нејзиното минимално растојание на приближување е околу 270 милиони километри.

„Тоа е мал објект кој едноставно поминува низ нашиот систем, без никаква гравитациска врска со него“, изјави астрофизичарот Патрик Мишел.

Врз основа на собраните податоци и слики што ги направи НАСА, научниците забележаа присуство на облаци од прашина и мраз, како и висок однос на јаглерод диоксид и вода.

Откако беше откриена во јули 2025 година, кометата 3И/АТЛАС се приближи најблиску до Сонцето на 29 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ