понеделник, 8 декември 2025

НАСА ја претстави новата генерација на астронаути: За прв пат повеќе жени отколку мажи

Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА) објави 10 нови астронаути, од кои шест се жени, а четворица мажи. Меѓу нив се научници, инженери и тест пилоти избрани од повеќе од 8.000 кандидати, кои ќе помогнат во истражувањето на Месечината и потенцијално на Марс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

За прв пат во историјата на класата астронаути, бројот на жени го надмина бројот на мажи, објави ABC News. Новите астронаути ќе поминат двегодишна обука пред да станат „подобни за вселенски летови“.

Привремениот администратор на НАСА, Шон Дафи, изјави дека еден од нив би можел да стане првиот човек што ќе стапне на Марс.

Новите астронаути, претставени за време на церемонијата во вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Хјустон, Тексас, ќе им се придружат на 41 активни астронаути во американскиот корпус на астронаути.

Директорот за летачки операции на НАСА, Норм Најт, изјави дека конкуренцијата е многу силна, нарекувајќи ги новите кандидати „угледни“ и „исклучителни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ