„Човештвото, од другата страна. Првата фотографија од далечната, темна страна на Месечината. Сликана од Орион додека Земјата заоѓа зад лунарниот хоризонт“, напиша НАСА во описот на нереалната фотографија.
EARTHSET.
April 6, 2026.Humanity, from the other side. First photo from the far side of the Moon. Captured from Orion as Earth dips beyond the lunar horizon. Photo: NASA pic.twitter.com/ZEBTQA85TY
— The White House (@WhiteHouse) April 7, 2026
„Артемис 2, затемнување. Целосно, надвор од Земјата. Од лунарната орбита, Месечината го блокираше Сонцето, овозможувајќи поглед што малкумина го виделе во човечката историја.“, се вели во друга објава.
Екипажот на мисијата забележал неочекувани бои на површината на Месечината за време на своето патување околу Месечината. Како што наведоа, поголемиот дел од површината изгледал кафеава, додека јасни зеленикави тонови се појавиле во изолирани области, објави Фокс њуз.
Астронаутите Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен во вселенското летало Орион вчера извршија седумчасовен лет околу Месечината, соборувајќи многу рекорди. Сега се враќаат на Земјата.
Името на програмата Артемис е избрано затоа што старогрчката божица Артемида (на англиски Artemis) била сестра близначка на богот Аполон (анг. Apollo), по кого е именувана успешната програма за лунарни експедиции во шеесеттите и седумдесеттите години.






