понеделник, 15 декември 2025

Намирници што негативно влијаат врз здравјето на мозокот

Преработеното месо и засладените напитоци, можат да имаат сериозни последици врз здравјето на мозокот, покажува ново истражување од Технолошкиот универзитет во Вирџинија.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Според резултатите од истражувањето, лицата кои консумираат поголеми количини од овие производи дневно се изложени на значително поголем ризик од когнитивно оштетување, вклучувајќи проблеми со меморијата и развој на невродегенеративни болести како што е Алцхајмеровата болест.

Истражувањето опфатило 4.750 испитаници постари од 55 години, кои биле следени во период од седум години.

Научниците откриле дека луѓето кои редовно јаделе преработено месо имале 17 проценти поголем ризик од губење на меморијата и други когнитивни нарушувања, додека луѓето кои често пиеле газирани пијалаци и други засладени пијалаци имале шест проценти поголем ризик од оштетување на мозочните функции.

Иако ултра-преработената храна претходно се поврзуваше со дебелина, дијабетес и срцеви заболувања, истражувачите нагласуваат дека комбинацијата од преработено месо и зашеќерени пијалаци претставува особено висок ризик за мозокот. Токму оваа комбинација, според нив, има најизразено негативно влијание врз когнитивното здравје.

Експертите советуваат колку што е можно повеќе да се намали внесувањето на ваква храна, почесто да се подготвуваат оброци дома и да се избираат свежи и минимално преработени производи. Умереност и избалансирана исхрана, според експертите, се клучни фактори за одржување на здравјето на мозокот, како и целокупната физичка и ментална благосостојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ