сабота, 12 јули 2025

Најздравите луѓе кои живеат најдолго ги јадат овие 6 намирници за појадок

Во таканаречените „сини зони“ – заедници познати по најдолгиот животен век во светот – појадокот е, според истражувачот за долговечност, Ден Бутнер, еден од главните приоритети. Врз основа на годините поминати на места како Окинава, Јапонија, и Сардинија, Италија, Буетнер тврди дека првиот оброк во денот може да биде клучен за долг и здрав живот.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме изрека: Појадувај како крал, ручај како принц и вечерај како сиромашен“, изјави Бутнер за Си-ен-би-си минатата година.

„Во сините зони, луѓето имаат обилен појадок, а потоа постепено ја намалуваат количината на храна што ја јадат, честопати јадејќи рана вечера и не јадејќи ништо друго до следниот појадок.“

Сепак, појадокот што го јадат жителите на сините зони не е како типичните утрински оброци, истакнува Буетнер.

„Луѓето треба да го избегнуваат поголемиот дел од она што се рекламира како појадок во Америка – како зашеќерени житарки, тартови, јогурти со шеќер и мусли“, објаснува тој.

„Наместо тоа, треба да угледаме на луѓето од сините зони и да јадеме обилен, здрав појадок“.

Буетнер ги препорачува следниве намирници за појадок, по моделот на најдолговечните луѓе во светот:

  • Грав,
  • Зеленчук
  • Ориз
  • Овошје
  • Мисо супа
  • Овес

„Често го започнувам денот со супа од минестроне полна со зеленчук и грав. Ги предизвикувам сите што го читаат ова да пробаат да јадат густа супа или ориз и грав за појадок една недела и сами да ја видат разликата“, вели тој.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ