недела, 7 декември 2025

Најздравите грицки за работниот ден

Работата од дома или во канцеларија честопати значи часови поминати пред компјутер, тогаш раката лесно посегнува по грицки. Наместо чипс и чоколадо, постојат голем број здрави опции кои обезбедуваат енергија без да натрупуваат празни калории.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Јаткасти плодови и семиња

Бадеми, ореви, индиски ореви или семки од тиква се богати со здрави масти, протеини и влакна. Една шака дневно е доволна за одржување на концентрацијата и стабилно ниво на шеќер во крвта.

Свежо овошје

Јаболко, банана или грст бобинки совршено ја задоволуваат желбата за слатки, а богати се и со витамини и антиоксиданти.

Сушено овошје без додаден шеќер

Сувите кајсии или урмите се одличен избор кога сакате нешто благо и заситувачко. Само внимавајте на количината – грст е сосема доволно.

Хумус и зеленчук

Стапчињата од морков, краставица или целер со хумус обезбедуваат идеална рамнотежа на протеини и растителни влакна.

Грчки јогурт со додатоци

Грчкиот јогурт со малку мед, јаткасти плодови или семки е одлична ужина која обезбедува долготрајно чувство на ситост.

Здравите ужинки не се само прашање на исхрана – тие ја одржуваат енергијата, концентрацијата и расположението во текот на целиот работен ден. Следниот пат кога ќе посегнете по чипс, запомнете дека постои подеднакво вкусна и многу подобра опција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ