Конзервирањето ја одржува храната свежа и за јадење, особено храната која е подложна на развој на разни патогени, а во процесот на конзервирање храната поминува и низ стерилизација, пренесува Ситимагазин.
„Резултатот, за жал, е значително губење на хранливи материи, но кога овошјето или зеленчукот се конзервираат, тие можат да се чуваат со години, безбедни од опасни микроорганизми“, објаснува нутриционистот Џес Кординг и открива која, според експертите, е најздравата конзервирана храна.
Како што вели, тоа секако се конзервирани сардини, но и други конзервирани риби кои се достапен извор на протеини, а во исто време се одржливи и не бараат долга подготовка или готвење. Вклучувањето на конзервирана риба во исхраната носи бројни здравствени придобивки.
„Конзервираните сардини имаат тенденција да имаат пониска содржина на жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори на морска храна, особено кога свежата не е достапна“, рече Кординг.
Со нив консумираме голема количина на протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, додека маслиновото масло обезбедува мононезаситени масти кои се добри за срцето, објаснува таа.
Здравствените упатства препорачуваат две до три порции риба со ниска содржина на жива неделно, Кординг советува да се меша со тестенини, сирење или грицки како ужина.
„Лично, сакам да ги згмечам со виљушка и едноставно да ги додадам во салата“, изјави Кординг, има безброј други начини да ги вклучите конзервираните сардини во вашата исхрана.






