Антиматеријата е супстанца составена од античестички. Во природата, секоја честичка има своја античестичка – кога се судираат, тие се уништуваат една со друга, ослободувајќи електромагнетни бранови кои носат енергија.
Иако потенцијалот на антиматеријата е огромен, нејзините потешки форми засега не сме во можност да ги создадеме во лаборатории. Затоа не е изненадувачки што се проценува дека грам од оваа недопирлива материја вреди околу 62,5 трилиони американски долари.
За појавата на античестичките првпат пишувал англискиот физичар Пол Дирак, кој во триесетите години на минатиот век го направил револуционерното откритие на позитронот или антиелектронот – честичка со иста маса како електронот, но со спротивен полнеж. Следејќи ја неговата логика, антипротоните и антинеутроните биле идентификувани како антитеза на протоните и неутроните.






