четврток, 26 март 2026

Највисокиот оџак во светот: Симбол на индустриска моќ (ВИДЕО)

Во рамките на термоелектраната ГРЕС-2 во Казахстан се издига симбол на индустриска моќ и инженерска прецизност од едно минато време – најголемиот оџак во светот, кој достигнува импресивни 419,7 метри во висина.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Термоелектраната ГРЕС-2 се наоѓа во градот Екибастуз, еден од најважните енергетски центри во Казахстан.

Регионот е познат по своите богати наоѓалишта на јаглен. За време на Советскиот Сојуз, таму биле изградени повеќе големи енергетски постројки.

Електраната со својот оџак рекордер, беше завршена во 1987 година, а Гинисовата книга на рекорди потврдува дека ја држи титулата највисок оџак во светот.

Неговата примарна функција е да ги отстранува димните гасови произведени со согорување на јаглен, но и неговата висина игра важна улога – овозможува распрскување на емисиите на поголема надморска височина, со што се намалува концентрацијата на штетни супстанции во непосредна околина на електраната.

Изградбата на толку висока конструкција, секако, претставувала огромен технички предизвик. Оџакот морал да биде проектиран да издржи силни ветрови, големи температурни разлики и можни земјотреси.

Највисокиот оџак во Европа, во градот Трбовље во Словенија, е висок „само“ 360 метри – значи ГРЕС-2 е повисок повеќе од 59 метри – или дури за 15 до 20 ката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ