вторник, 29 јули 2025

Најубавиот пат во Европа на кој не смеете да ја изгубите концентрацијата (ВИДЕО)

Замислете пат полн со кривини, мостови и тунели, како се искачува како змија низ планински врвови – токму таков е Трансфагарасан во Романија, честопати нарекуван „пат кон рајот“.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Оваа спектакуларна рута од 114 километри се протега од градот Картисоара до општината Куртеа де Арџеш, преминувајќи ги Јужните Карпати, познати и како Трансилвански Алпи.

Највисоката точка се наоѓа на 2.042 метри надморска височина, кај ледничкото езеро Балеа.

На ова патување ќе наидете на 27 вијадукти, дури 831 мостови и пет тунели, што дополнително го зголемува возбудувањето од возењето. Искачувањата и острите кривини што водат кон масивот Фагарас и највисокиот врв во Романија – Молдовеану (2.544 м) – ја прават оваа рута посебна и на глобално ниво.

Не е ни чудо што Трансфагарасан е омилена дестинација за мотоциклисти, велосипедисти и зависници од адреналин.

Некогаш, трговците бавно напредувале низ овие планински превои, борејќи се со тежок терен и кањони. Идејата за модерниот пат потекнува од романскиот диктатор Николае Чаушеску, кој сакал неговата војска да може брзо да се движи низ овој стратешки дел од земјата.

Поради силен ветер, густа магла и тешки зимски услови, Трансфагарасан е затворен во есен и зима. Најчесто се отвора на крајот на јуни и останува прооден до крајот на август. Иако може да се заврши за околу три часа без пауза, повеќето патници остануваат цел ден, истражувајќи ја привлечноста на планинскиот пејзаж.

Меѓу знаменитостите што вреди да се посетат се кулите на манастирот Куртеа де Арџеш од 16 век, гробницата на првите романски кралеви и кралици, замокот Поенари – познат како вистински замок на грофот Дракула – како и вештачкото езеро и браната Видрару, и прекрасното езеро Балеа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ