понеделник, 8 декември 2025

Најскапата пица на сите времиња крие неверојатна приказна

Дали знаете која е најскапата пица во светот? Не, тоа не е онаа со златни ливчиња во луксузните ресторани во Њујорк или Токио. Најскапата пица во светот е всушност обична пица од синџир за брза храна во Флорида. Единствената разлика е што е платена во биткоини.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Во мај 2010 година, програмерот Лазло Хањез објавил понуда на форум дека ќе му даде 10.000 биткоини на оној кој ќе му донесе две пици. Во тоа време, тоа вредело околу 41 долар и изгледало како безопасен експеримент во време кога криптовалутата била само нејасна идеја на неколку ентузијасти, пренесува Сити магазин.

Како што раскажа јутјуберот Стефан Симиќ, некој се јавил, пиците пристигнале, а Лазло станал првиот човек кој платил за нешто со биткоин. Она што никој не можел да го претпостави тогаш било дека тие 10.000 биткоини денес ќе вредат повеќе од милијарда долари. Така, две пици од 2010 година станале најскапата храна во историјата.

Иако многумина од нас веројатно би жалеле за загубата доколку сме во негова кожа, Хањез вели дека не жали. Таа трансакција беше првата потврда дека биткоинот може да се користи во реалниот свет и токму поради оваа причина 22 мај секоја година се слави како „Ден на биткоин пицата“ – денот кога две пици засекогаш го сменија курсот на дигиталната економија.

Значи, следниот пат кога некој ќе ви испрати порака дека ќе плати за пица, едноставно однесете му ја, можеби во рацете ја држите најскапата вечера на сите времиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ