петок, 12 декември 2025

Најскапата чанта во светот продадена за 10 милиони долари (ФОТО)

Сумата постигната за чантата на аукцијата изненади многумина, со оглед на нејзиниот изглед. „Тоа е неверојатна демонстрација на моќта на една легенда и нејзината способност да ја разгори страста и желбата на колекционерите кои бараат исклучителни предмети“, соопшти аукциската куќа „Сотби’с“.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На аукција организирана од „Сотби’с“, оригинална чанта Биркин од модната куќа Хермес беше продадена за десет милиони долари, вклучувајќи ги сите провизии и дополнителни трошоци, што ја прави најскапата чанта продадена на аукција – и покрај тоа што е изгребана и извалкана, пренесува Си-ен-ен.

Аукциската куќа одби да даде проценка вредноста на оригиналната чанта Биркин за Си-ен-ен пред продажбата, но раното наддавање го сруши рекордот од еден милион евра. Војната на наддавање меѓу девет колекционери траеше десет минути и заврши со победа на приватен колекционер од Јапонија, според соопштението за медиумите на „Сотби’с“.

Морган Халими, глобален раководител на одделот за чанти и додатоци во аукциската куќа, ја нарече продажбата „важна пресвртница“ за историјата на модата и луксузот. „Тоа е зачудувачка демонстрација на моќта на легендата и нејзината способност да ја разгори страста и желбата на колекционерите кои бараат исклучителни предмети од уникатно потекло. Продажбата на оригиналната чанта Биркин е, во крајна линија, и прослава на трајниот дух и привлечност на нејзината муза, Џејн Биркин“, изјави таа во соопштение за медиумите.

Според експертите од Сотби’с“, оригиналната чанта Биркин има неколку разлики од подоцнежните верзии, како што се големината на чантата, металните прстени и ременот за на рамо.

На предната страна се нејзините иницијали (Џ.Б.), додека мали сребрени ножички за нокти висат од ременот (таа сакала ноктите да ги одржува средени, па затоа секогаш држела ножици во близина). Се разбира дека добро користената чанта има и траги од секојдневниот живот на Џејн, вклучувајќи промена на бојата поради две налепници од организации – Лекари без граници и УНИЦЕФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ