Најотровното овошје и зеленчук редовно го купуваме во маркетите, апсолутни рекордери по количина на пестициди се јагоди и спанаќ.
Секоја година од 2004 година, Работната група за животна средина (ЕВГ), непрофитна организација која промовира поздрава животна средина, ги рангира неорганските производи со најмногу пестициди и составува листа наречена „12 валкани“.
„Оваа година, кај 75 отсто од сите земени примероци од конвенционални свежи производи беше откриено дека содржат остатоци од потенцијално штетни пестициди. Меѓу оние што влегоа во „12 валкани“, дури 95 отсто од примероците содржеа пестициди“, соопшти ЕВГ, пренесува Си-ен-би-си.
Јагодите и спанаќот повторно ги заземаат првите две места на листата и оваа година, а нивото на пестициди во грозјето особено е зголемено.
„Студиите покажаа дека некои пестициди се поврзани со проблеми како што се спонтани абортуси, вродени дефекти и потешкотии во учењето или развојот кај децата“, според Центрите за контрола и превенција на болести.
Покрај јагоди и спанаќ, и во друго овошје и зеленчук се пронајдени пестициди: кељ, блитва, грозје, праски, круши, нектарини, јаболка, пиперки, цреши, боровинки, боранија.
Ако сакате да го намалите внесувањето на пестициди, обрнете внимание на овие намирници и, доколку е можно, изберете органски верзии или темелно измијте ги пред консумирање.






