вторник, 9 декември 2025

Најмалото море во светот според Гинисовата книга на рекорди

Најмалото море се наоѓа во Турција, а за локалното население е најубавото на светот.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Најмалото море во светот, според Гинисовата книга на рекорди, е Мраморното Море во Турција – минијатурна морска површина со само 11.350 км² и просечна длабочина од околу 494 метри.

Поврзано е со Егејското Море преку Дарданелите и со Црното Море преку Босфорот, а географски претставува внатрешно море што ја одделува Европа од Азија, пренесува Сити магазин.

Иако Мраморното море е прогласено за најмало, постојат и други кои тврдат дека се помали водени површини.

Во споредба, на пример, со хрватското Каринско Море, кое често се нарекува најмалото море во Хрватска, разликите се очигледни. Каринското Море е мал морски залив со површина помеѓу 5,4 и 5,7 km², со просечна длабочина од околу 10–12 метри, и е поврзан со тесен канал (Каринската клисура) со Новиградското Море.

Каринското Море е богато со морски свет – таму може да се најдат школки, како и риби како што се кефал и јагули, кои често ги лови локалното население.

Тековите на реките Каришница и Бијела влијаат на температурата и соленоста на водата, често поволно влијаејќи на создавање на лековита кал.

Жителите на областа активно се борат Каринското Море официјално да биде признаено како најмало море во светот, поднесувајќи документација до Гинисовата книга на рекорди.

Моменталната официјална титула му припаѓа на Мраморното Море, кое е географски и историски мост помеѓу световите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ