недела, 13 јули 2025

Најмалиот замок во Европа со површина од само 10 квадратни метри (ВИДЕО)

Замокот на Пустиникот често се нарекува најмалиот замок во Шкотска и Европа, некои велат дека е најмалиот во светот. Овој интересен објект се простира на само околу 10 квадратни метри во заливот Ахмелвич во близина на селото Лочинвер на северозапад од Шкотска.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Фразата „најмалиот замок во Европа“ е во наводници бидејќи повеќето луѓе го сметаат за бетонски бункер со интересна архитектонска форма со шармантна кула. Англискиот архитект Дејвид Скот го изградил со свои раце во педесеттите години на минатиот век.

За да го изгради замокот во бруталистички стил му биле потребни шест месеци, легендата вели дека тој го напуштил ден по неговото завршување – и никогаш не се вратил.

Дејвид Скот го замислил ова место како место за тивко размислување. Изградено целосно од бетон, се состои од само една соба со подигната платформа за одмор, камин и вградени полици.

Просторот е неправилен – никаде не е поширок или повисок од 2 метри. Таму нема вода, струја ниту мебел.

Иако се наоѓа во близина на популарната плажа Ахмелвич, многу луѓе не знаат за неговото постоење. Случајните минувачи и планинарите често се изненадени кога ќе го откријат овој минијатурен замок веднаш до брегот. Но, тој е отворен и бесплатен за истражување, а влезот е бесплатен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ