Неговото име е Сем Панопулос, во Канада пристигнал од Грција како млад човек, во потрага по подобар живот.
Заедно со своите браќа отворил ресторан во Онтарио, каде што служеле класични јадења како хамбургери и помфрит. Но, Сем сакал нешто поинакво – нешто што ќе се издвои од она што гостите веќе го знаеле.
Инспирацијата ја нашол во конзервиран ананас, кој во тоа време штотуку се појавил на северноамериканскиот пазар. Марката на конзервирано овошје се викала „хавајски“, па затоа пицата го добила името „хавајска пица“.
Панопулос решил да додаде парчиња ананас во пица со сирење и шунка – комбинација што била шокантна за тогашниот поим за пица, строго поврзана со италијанската традиција на доматен сос, моцарела и евентуално печурки или колбаси.
Резултатот бил неочекуван: некои веднаш ја засакале комбинацијата на слатко и солено, додека на други им се згрозило. Сепак, јадењето брзо се раширило и станало популарно низ Канада, а подоцна и во светот.
Интересно е што хавајската пица предизвикува жестоки дискусии и децении подоцна – толку многу што дури и светските лидери коментираа за неа. Во 2017 година, тогашниот исландски претседател на шега изјавил дека, доколку може, би го забранил ананасот на пицата, додека канадскиот премиер со насмевка го бранел ова национално „наследство“.
Самиот Панопулос никогаш не можел да претпостави дека неговото кулинарско експериментирање ќе стане глобален феномен и симбол на храброста во кујната. Оттогаш, хавајската пица засекогаш остана пример за тоа како необична комбинација на вкусови може да ја промени кулинарската историја и да предизвика дебата која продолжува и денес.






