Најновите сателитски снимки од НАСА откриваат драматична промена во неговата боја – ледениот колос сега е покриен со сина вода од стопениот мраз и „ледена каша“, што научниците го толкуваат како јасен знак за неговото непосредно целосно распаѓање.
— Thwaites Glacier —
We’re losing it.
It’s way too warm: Ice, water & air!
Watch the temperatures at the surface!
Watch the temperatures at the sea floor!
Click anywhere you like. You’ll be astonished.https://t.co/mx5uVYnyPFhttps://t.co/Sv5XW85svthttps://t.co/bFTTrfqGss pic.twitter.com/x47U4vkSXA— Kris Van Steenbergen (@KrVaSt) January 12, 2026
А-23А се одвои од ледениот гребен Филхнер во 1986 година и помина повеќе од три децении речиси неподвижен, „заглавен“ во морето Ведел. Откако се ослободи во 2020 година, започна невообичаено долго и турбулентно патување – вртејќи се во кругови со месеци, речиси судирајќи се со островот Јужна Џорџија, потоа конечно стигна до океанот.
На врвот на својата моќ, ледениот џин покриваше околу 4.000 квадратни километри, што е двојно повеќе од површината на Лондон!
Сепак, како што навлегуваше во потоплите води, помеѓу Јужна Америка и Јужна Џорџија – регион познат како „гробишта на ледени брегови“ – неговото распаѓање драматично се забрза.
Според податоците од Националниот центар за мраз на САД, уште во јануари оваа година, неговата површина се намалила на 1.182 квадратни километри, додека сателитските снимки од декември 2025 година покажале огромни езера од стопена вода на површината на А-23А.
Фотографиите од Меѓународната вселенска станица дополнително потврдија дека процесот на распаѓање се забрзува.
Научниците предупредуваат дека А-23А веќе се наоѓа во води кои се околу три степени Целзиусови потопли отколку околу Антарктикот, а струите го носат кон уште потопли области, пренесува Дејли мејл.
Д-р Крис Шуман од Универзитетот во Мериленд, кој го следел А-23А во текот на целата негова кариера, верува дека на овој леден брег му остануваат „само неколку дена или недели“.
„Неговата судбина е иста како и на другите антарктички ледени брегови, но патот што го помина беше исклучително долг и полн со настани“, истакнува Шуман.
Тој додава дека благодарение на современите сателитски системи, овој единствен „леден сведок на климатските промени“ можел да се следи до самиот крај.






