„Три огромни парчиња, секое со површина од 60 до 300 квадратни километри, се отцепија од џиновскиот леден брег во исто време. Во текот на трите зимски месеци на Антарктикот, ледениот брег изгуби 36 проценти од својата површина“, се вели во извештајот, пренесува руски Интерфакс.
Се прецизира дека на почетокот на јуни површината на сантата надминала 2.700 квадратни километри, што е споредливо со површината на Москва. Сега нејзината површина е намалена на 1.700 квадратни километри, што е споредливо со површината на Санкт Петербург.
Во пролетта 2023 година, сантата мраз неочекувано почна да се движи во правец на Скошкото Море. Кон средината на ноември 2023 година, океанските струи го поместија кон морето, потоа го промени правецот и се приближи до островот Јужна Џорџија на почетокот на оваа година.






