недела, 7 декември 2025

Најгласно животно на Земјата убива плен со својот звук (ВИДЕО)

Може да создаде звук погласен од млазен мотор. Можете ли да замислите дека најгласно животно на планетата не е лав, чие рикање достигнува 114 децибели и може да се чуе од растојание од осум километри, пренесува Н1 Сараево.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за ситни ракчиња со големина на прст, кои живеат во топлите води на Карипското Море, како и покрај бреговите на Австралија и Источна Африка, и се најгласното животно (технички станува збор за кашал, кој може да произведе звуци до 230 dB, но трае само малку повеќе од 10 милисекунди). Се нарекува „рак-пиштол“ и има супермоќ – канџа што пука брзо како куршум.

Ја затвора канџата толку брзо што се создава меур, а внатре во тој меур ќе се случи вистинска експлозија. Температурата се искачува на 4.700 степени Целзиусови, речиси исто толку топла колку површината на Сонцето.

Во тој момент се слуша „тресок“ од 210 децибели, погласен од бучавата на млазен мотор.

Овој рак не само што го плаши, туку го зашеметува или дури и го убива својот плен со еден звук. Ова суштество не е видливо на ниедна мапа, но неговото пукање се детектира дури и од воени хидрофони на подморници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ