четврток, 5 март 2026

Најекстремно кафуле во светот: Виси на карпа, 60 метри над морето (ВИДЕО)

Пиењето кафе со спектакуларен поглед обично е синоним за опуштање, но малкумина би можеле вистински да се опуштат во кафуле кое буквално виси од карпа.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Токму такво искуство нуди „Клиф кафе“, уникатен објект во кинеската покраина Фуџијан, кој се наоѓа на стрмна карпа, околу 60 метри над нивото на морето.

Ова необично место гордо ја носи титулата „најекстремно кафуле во светот“, пренесува Одити централ.

Познат и како Гуши Клиф кафе, се состои од правоаголни платформи прикачени на карпата, кои служат како места за седење за гостите. Сепак, доаѓањето до шолја кафе е далеку од вообичаено.

Гостите прво мора да ја совладаат патеката „виа ферата“, за што е потребно околу 30 минути, а потоа инструкторите – со помош на специјална опрема – ги спуштаат со јаже на платформите.

Кафулето е отворено во 2004 година, но неодамна стана вирално откако видеата од импресивната локација почнаа да кружат на социјалните мрежи. Огромниот интерес од туристите го принуди основачот на Клиф кафе да нагласи дека се потребни резервации однапред и дека никој не може самостојно да се спушти до платформите.

Цената на кафето во овој необичен локал изнесува 398 јуани (околу 50 евра), што на прв поглед делува скапо, дури и за врвен пијалак.

Сепак, сопственикот објаснува дека цената вклучува задолжително осигурување, изнајмување опрема и услуги на инструктор за спуштање.

Покрај тоа, престојот на платформите не е временски ограничен – откако еднаш ќе стигнете до вашето место на карпата, може да останете колку што сакате.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ