Истражувањата покажуваат дека секојдневното одење, на пример 10.000 чекори дневно, може значително да го забрза метаболизмот, да помогне во согорувањето на калориите и да го подобри целокупното здравје. Како што истакнува Кејн Вилкс, олимпиец и тренер по кревање тегови, пешачењето е „една многу потценета навика за согорување масти што можете да ја правите насекаде“.
За видливи резултати, важно е да одите доволно брзо за да го забрзате срцевиот ритам. Според истражувањата, одењето со побрзо темпо му помага на телото да го активира процесот на согорување на мастите. Се препорачува пешачење со темпо од пет до шест километри на час, три до пет пати неделно, околу 30 минути.
Освен брзото одење, кое е најкорисниот метод за губење тежина и подобрување на физичката кондиција, тренерот Вилкс истакна што друго можете да пробате ако брзото одење ви стане здодевно по некое време.
Додавањето на искачувања при одењето, без разлика дали се природни ридови или наклони на лента за трчање, дополнително го зголемува активирањето на мускулите и согорувањето на калории. Наклонот особено ги зајакнува мускулите на задникот, нозете и торзото, а во исто време го подобрува и здравјето на срцето.
Качувањето по скали е уште еден ефикасен начин за забрзување на согорувањето на мастите, а воедно и за зајакнување на целото тело. Истражувањата покажуваат дека секојдневното искачување по скали може да го намали ризикот од метаболички синдром, пренесува порталот „Јади го ова, не тоа“.