За најдосаден пат во светот се смета делница долга 256 километри без ниту една кривина, или барем без нагорнини или надолнини, која минува низ пустината Руб ел Хали во Саудиска Арабија.
Станува збор за дел од Саудискиот автопат број 10 што ги поврзува Ал Дарб на југозапад и Ал Бата на исток од земјата, а е долг вкупно 1.474 километри и поминува во близина на границата со Обединетите Арапски Емирати.
Автопатот бил изграден како приватен пат за кралот Фахд, кој владеел од 1982 до 2005 година. Кога бил отворен за јавноста, влегол во Гинисовата книга на рекорди како најдолг прав дел од патот во светот.
За да го поминете тој рамен „дел“, ќе ви треба околу два часа, што е прилично долго кога имате чувство дека стоите во сликата. А кога по 240 километри ќе забележите знак за свиок, веројатно ќе се чувствувате како жедни низ пустина да сте стигнале – до извор.
Можеби на прв поглед делува дека овој дел од патот е идеален за „да нагазите на гас“, но несреќите на него се прилично чести. Дел од несреќите сепак се предизвикани – од намалено внимание на возачите.






