На планираната рута, авионот ќе помине повеќе од 20.000 километри, што е околу половина од обемот на целата планета. Овој лет, сепак, нема да ја обезбеди титулата најдолга директна рута, бидејќи авионот ќе има двочасовна пауза во Окланд, Нов Зеланд, пренесува РТС.
Сепак, како што објавува „Бизнис инсајдер“, малку е веројатно дека патниците ќе можат да го напуштат авионот за време на запирањето.
Чајна Истерн ерлајнс ќе лета на оваа рута двапати неделно, користејќи авион „Боинг 777-300 ЕР“, соопшти авиокомпанијата, според извештајот на Си-ен-ен.
Појдовниот лет, од меѓународниот аеродром Пудонг во Шангај до меѓународниот аеродром Министро Пистарини во аргентинската престолнина, ќе трае 25 часа – четири часа помалку од повратниот лет.
Многу авиокомпании често се повикуваат на титулата „најдолги“ летови во светот. Во моментов, Сингапур ерлајнс го има најдолгиот комерцијален лет без престан, кој сообраќа помеѓу Сингапур и аеродромот ЏФК во Њујорк и трае помеѓу 18 и 19 часа.
Австралиската авиокомпанија Квантас планира да воведе 20-часовни директни летови од Сиднеј до Лондон и Њујорк.






