среда, 11 март 2026

Најдолгиот директен лет со авион ќе трае 22 часа: Патниците ќе го видат изгрејсонцето двапати

Авионите се опремени со мотори Ролс-Ројс Трент и дополнителен резервоар за гориво што им овозможува да летаат на подолги растојанија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Австралиската авиокомпанија Квантас следната година ќе започне два најдолги директни комерцијални летови во светот: од Сиднеј до Лондон и од Сиднеј до Њујорк.

Станува збор за летови што надминуваат растојание од 17.010 километри, односно 16.250 километри за приближно 22 часа. Со оглед на тоа што нема да има запирања помеѓу Сиднеј и овие две дестинации, вообичаеното патување со авион ќе биде скратено за околу четири часа.

Ваквите долги директни летови се можни благодарение на модификациите на авионот „Ербас А350-1000УЛР“ што Квантас ќе го користи за превоз на овие рути, а кои треба да бидат испорачани до крајот на оваа година. Авионите се опремени со мотори Ролс-Ројс Трент и дополнителен резервоар за гориво што им овозможува да летаат на подолги растојанија.

Патниците на директните линии на Квантас Сиднеј-Лондон и Сиднеј-Њујорк ќе го видат изгрејсонцето двапати, поради што го доби прекарот „Проект изгрејсонце“. Патниците ќе го видат првото изгрејсонце некаде над Азија или Блискиот Исток, а второто поблиску до Европа или Северна Америка.

Во авионот ќе има место за 238 патници во 6 луксузни кабини од прва класа, 52 кабини од бизнис класа и 180 седишта од економска класа.

Квантас ќе воведе и посебни зони за вежбање на овие директни летови на долги релации со здрави пијалаци и закуски, како и специјално дизајнирано осветлување кое ќе биде прилагодено на внатрешниот биолошки ритам на патниците. Исто така, ќе има простор за истегнување и лесни вежби за да им се помогне на патниците полесно да го издржат долгиот лет.

Првите исклучително долги комерцијални летови се планирани за почетокот на 2027 година. Експертите тврдат дека овие линии ќе го променат начинот на кој патуваме со авион и дека исклучително долгите директни летови ќе станат вообичаена пракса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ