понеделник, 2 февруари 2026

Најдолгата права делница од железничка пруга: Речиси 500 километри без ниту една кривина

Најдолгата права железничка делница во светот се протега неверојатни 478 километри низ австралиската пустина Нуларбор.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Замислете да патувате со воз речиси 500 километри – без ниту една кривина или свртување, само право, пренесува хрватскиот портал Пункуфер.

Токму такво искуство нуди најдолгата рамна железничка делница во светот, која се протега неверојатни 478 километри низ австралиската пустина Нуларбор.

Ова необично „парче“ железничка пруга е дел од Транс-австралиската железница и поминува низ рамнината Нуларбор, една од најпространите и најсурови рамнини на планетата. Пругата е целосно права, што ја прави уникатен инженерски и географски феномен.

По пругата сообраќа легендарниот патнички воз Индијан Пацифик, кој го поврзува Перт на западниот брег на Австралија и Сиднеј на источниот. Името на возот не е случајно – симболично го означува патувањето од Индискиот до Тихиот Океан. Токму оваа врска му го дала името кое останало препознатливо низ целиот свет уште од неговото прво свирнување за тргање во 1970 година.

Додека возот минува низ овој уникатен дел, патниците со часови гледаат во истата слика – совршено права линија што исчезнува во хоризонтот. Возот сече низ бесконечен пејзаж како нож, километри црвена земја со само неколку грмушки и речиси ништо друго. Дури и да не држеше светски рекорд, оваа линија би била исто толку големо чудо на железничкото инженерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ