Еден појадок што гастроентеролозите особено го препорачуваат за здравјето на цревата е овесна каша со јогурт, боровинки и ореви. Овој оброк содржи влакна, пребиотици и пробиотици, три клучни компоненти за поддршка на цревната микрофлора. Може да се подготви топло или како ладна варијанта преку ноќ, во зависност од сезоната и временските услови што ги имаме.
„Овесната каша е една од моите омилени состојки за здравјето на цревата“, изјави нутриционистката Самина Куреши.
Овој појадок е богат со растителни влакна – една порција содржи околу шест грама, што е до една четвртина од препорачаната дневна доза. Состојките како боровинки, овес и јаткасти плодови не само што ги хранат корисните бактерии туку и помагаат да останете сити подолго време, додека јогуртот е важен извор на пробиотици. „Пробиотската храна како јогуртот може да помогне во одржувањето на рамнотежата на цревните бактерии“, рече д-р Вадада.
Друга предност на овој појадок е неговата флексибилност, лесно можеме да ги замениме овошјата, јаткастите плодови или да додадеме семиња како што се семе од чиа или ленено семе. Куреши истакнува: „Храната на растителна основа содржи влакна и пребиотици, кои ги хранат добрите бактерии во цревата“.
Накратко, појадокот богат со растителни влакна и пробиотици може да биде едноставен, но вкусен и исклучително корисен за варењето и целокупното здравје.