недела, 7 декември 2025

На Нетфликс пристигнува документарец за Чарли Шин и неговите најмрачни тајни (ВИДЕО)

Глумецот Чарли Шин, кој е речиси осум години трезен, одлучил пред својот 60 роденден конечно да се соочи со своето бурно минато одбележано од дрогата. Тоа ќе го направи преку искрен документарец и нова книга.

Објавено на

часот

Сподели

Документарецот на Нетфликс во два дела „Познат како Чарли Шин“ пристигнува на 10 септември, а Шин ветува дека ќе ги отвори сите поглавја од својот живот.

„Кога носиш многу срам, тој те гуши“, признава глумецот во тазе објавениот трејлер.

„Самиот го запалив фитилот, а мојот живот се претвори во сè што не требаше да биде“, додава тој.

Тој исто така кажа дека во документарецот ќе открие работи што ветил дека ќе ги сподели само со својот терапевт. Особено емотивен момент се случува кога зборува за разочарувањето што му го предизвикал на неговиот познат татко, актерот Мартин Шин.

„Не можам да замислам да бидам во негова кожа. Навистина ги повредувам луѓето што ги сакам“, вели тој низ солзи.

Во серијата се појавува и неговата 20-годишна ќерка Лола Шин, конзервативна христијанка, која вели: „Не можете да имате вистинска врска со некој што се бори со зависност.“

Еден од најшокантните моменти доаѓа од поранешниот дилер на Шин, Марко, кој потврдува дека приказните на актерот за пушење огромни количини крек се вистинити.

Во 2011 година, самопрогласениот „таблоиден црн облак“ ја изгуби својата профитабилна работа во хумористичната серија „Два и пол мажи“, каде што заработуваше 1,8 милиони долари по епизода, откако заврши на рехабилитација по трет пат за само една година.

Документарецот вклучува голем број познати луѓе од животот на Шин: поранешните сопруги Дениз Ричардс и Брук Милер, колегите Џон Крајер и Крис Такер, братот Рамон Естевез, па дури и озлогласената холивудска мадам Хајди Флајс, која го нарекува „плачлива пи*ка“ пред камера и се сеќава дека сведочел против неа, што ја одвело во затвор.

Сепак, неговиот татко Мартин Шин, неговиот најстар брат Емилио Естевез и неговата отуѓена 21-годишна ќерка Сами Шин не се меѓу соговорниците. Во трејлерот, исто така, не се споменува неговата дијагноза за ХИВ во 2012 година, ниту обвинувањата за сексуална злоупотреба од страна на покојниот актер Кори Хејм, што Шин претходно ги негираше.

Покрај документарецот, на 9 септември, Шин ги објавува своите мемоари „Книгата на Шин“, која ќе имаат 368 страници. Книгата ќе има и промотивна турнеја со пет емисии, почнувајќи на 8 септември во Њујорк.

Чарли Шин, добитник на Златен глобус и четирикратен номиниран за наградата Еми, се прослави во филмови како што се „Одред“, „Волстрит“, „Слободниот ден на ферис Бјулер“, „Вжештени глави!“ и „Страшен филм“, како и во улогата во „Два и пол мажи“. По кратка пауза од глумата, тој се појави во серијата на ХБО „Обложувач“ во 2023 и 2024 година, играјќи верзија од себе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ