Во повеќето случаи, се препорачува постелнината да се пере на 60 степени Целзиусови. Оваа температура ефикасно ги отстранува бактериите, алергените и грини што можат да се акумулираат за време на употребата.
Доколку постелнината е изработена од понежни материјали, како што се свила или одредени видови памук, може да се пере на 40 степени, но со квалитетен детергент. Сепак, во овој случај е важно да се пере почесто.
Експертите советуваат перење на постелнината најмалку еднаш неделно, особено во текот на потоплите месеци кога телото се поти повеќе.
Освен температурата, важно е и добро да се исуши постелнината бидејќи влагата може да поттикне развој на бактерии и непријатни мириси.






