Со растечката примена на вештачката интелигенција во секојдневниот живот, станува сè поочигледно како оваа технологија влијае врз способноста на луѓето да размислуваат независно.
Вештачката интелигенција е сè поприсутна во сите области на секојдневните активности, многу луѓе дел од своите задачи им ги препуштаат на уредите – тие се потпираат на паметни телефони, на алатки за пишување базирани на вештачка интелигенција и на дигитални асистенти за решавање на проблемите.
Овој начин на функционирање се покажува како практичен, понекогаш дури и неопходен, но носи последици кои дури сега почнуваат целосно да се разбираат.
Честата употреба на овие алатки може да ја намали способноста за независно размислување, па затоа е важно да се развијат навики за користење на технологијата на начин што помага, а не ја загрозува, контролата врз сопствениот ум.
И покрај својата сложеност, човечкиот мозок ги обработува информациите со брзина од само десет бити во секунда, што е премногу бавно за огромната количина на податоци со кои се среќаваме секој ден.
Во денешниот свет, потпирањето исклучиво на вашиот мозок е споредливо со бодибилдингот без стероиди што е за пофалба, но не е ефикасно.
Луѓето отсекогаш користеле разни алатки за да го олеснат размислувањето и подобро да запомнат информации – од цртежи во пештери до пишани записи.
Денес, за разлика од нивните предци, многу луѓе делегираат делови од своите ментални задачи на уреди кои преземаат голем дел од нивното секојдневно размислување и меморија.
Генеративните модели на вештачка интелигенција, како што се ЧетГПТ и Копилот, се обучени за пет пати поголема количина на текст отколку што постоела во сите книги што постоеле пред 500 години.
Луѓето инстинктивно се плашат дека прекумерната зависност од вештачката интелигенција го прави човечкиот мозок излишен.
Ова сознание може да поттикне желба за враќање на менталната независност – преку решавање математички проблеми, читање книги или дури и целосно напуштање на дигиталните алатки во обид да се остане интелектуално активен.
Иако вештачката интелигенција може да биде ефективна алатка за носителите на одлуки, постои ризик тие да станат премногу зависни од неа и да ја изгубат довербата во сопствените способности за одлучување.
„Каде е границата помеѓу чувството дека имате контрола и чувството дека сте манипулирани? Кога користите уред, дали чувствувате дека го контролирате или тој ве контролира вас?“, прашува истражувачот за практична филозофија Пии Телакиви.
Професорот Сасу Таркома додава дека ќе станеме подобри во подучувањето на вештачката интелигенција, но можеби ќе изгубиме нешто друго во процесот. Тој исто така смета дека ова е важна тема за истражување.
„Ако престанам да размислувам самостојно, дали тоа значи дека ќе престанам да постојам? Тоа значи дека и човештвото ќе се промени“, вели Телакиви.
Независното размислување, исто така, му дава смисла на животот. Не треба да се откажеме од радоста на разбирањето, без оглед на тоа што носи иднината, пишува Универзитетот во Хелсинки.






