сабота, 6 декември 2025

Мозокот поминува низ пет фази во текот на животот на човекот

Мозокот поминува низ пет јасно препознатливи фази во текот на живот на човекот, со клучни пресвртни точки на возраст од 9, 32, 66 и 83 години, покажа ново истражување на научници од Универзитетот во Кембриџ.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Резултатите, базирани на скенирање на мозоци на околу 4.000 лица на возраст до 90 години, објавени се во списанието „Нејчр комуникејшн“, а како што се покажа, адолесценцијата – период на клучни промени во мозочните врски, не завршува во тинејџерските години, туку трае до раните триесетти, пренесува Би-би-си.

Според авторот на студијата, Алекси Мосли, „мозокот се развива во текот на целиот животен век, зајакнувајќи ги и ослабувајќи ги врските во различни фази“.

Научниците идентификувале пет фази на мозокот: детство – до девет години – период на брз развој на мозокот, со истовремено намалување на голем број синапси формирани рано во животот.

Потоа следи периодот на адолесценција, од девет до 32 години – најголем скок во ефикасноста на мозочните врски, како и ризик од појава на ментални нарушувања.

Возрасна доба од 32 до 66 години – стабилна фаза со побавни промени, за време на која ефикасноста на невронската мрежа почнува благо да опаѓа.

Рано стареење – од 66 до 83 години – мозокот сè повеќе се дели на функционални региони, што може да биде поврзано со појава на деменција и кардиоваскуларни проблеми.

Последната фаза на развојот е доцно стареење од 83 години, кога доаѓа до продлабочување на промените од претходната фаза, со помалку достапни податоци поради помал број на здрави испитаници на оваа возраст.

Професори кои не учествувале во истражувањето оценуваат дека резултатите се „многу интересни“ и дека се вклопуваат во постојните сознанија за развојот и стареењето на мозокот, со забелешка дека индивидуалните разлики остануваат значајни.

Истражувањето, според авторите, би можела да помогне подобро да се разберат промените во ризикот од ментални нарушувања и деменција во текот на животот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ