Според студијата, овие наоди може да се искористат за создавање поинтуитивна вештачка интелигенција и компјутерски био-системи.
Водачот на проектот Скарлет Хауард испитува како мозокот на малите животни, од механиката на летот на вилинските коњчиња до визијата на пчелите, може да инспирира развој на напредни технологии кои го имитираат движењето, однесувањето и перцепцијата на животните. Хауард истакна дека животните можат да бидат важен модел за создавање нови технологии, особено во областите на роботиката и вештачката интелигенција.
Како што е наведено во нејзината студија, објавена во списанието „Трендови во когнитивните науки“, многу од процесите и начините на кои животните решаваат задачи и предизвици, како што е избегнување судири во лет, можат да доведат до попрецизни и адаптивни технологии, пренесува Синхуа.
Како што истакна Хауард, истражувањето заклучи дека разбирањето како животните реагираат на новите предизвици може да придонесе и за предвидување како тие ќе се справат со промените во животната средина предизвикани од човекот.