понеделник, 8 декември 2025

Мов преживеа девет месеци во вселената, нормално се размножувал по враќањето

Спорите на мов преживеале девет месеци во вселената и можеле нормално да се размножуваат по враќањето на Земјата. Ова го покажа новото истражување на јапонски научници од Универзитетот Хокаидо.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Истражувачите наведуваат дека нивните наоди „откриваат потенцијал на растенијата на Земјата да издржат екстремни услови“, вклучително и оние надвор од планетата.

Експериментот, како што пренесува Си-би-ес њуз, бил спроведен на мов прикачен на надворешноста на Меѓународната вселенска станица (ИСС). Иако хлорофилот на спорите, кој им ја дава зелената боја, бил разграден за време на нивниот престој во вселената, повеќе од 80 проценти од спорите ја задржале својата виталност, што покажува дека овој мов е речиси неуништлив.

Некои видови мов покажале отпорност на УВ зрачење, високи температури и интензивна светлина, додека други би можеле да се користат во пошумување и системи за одржување на животот.

Авторите на студијата истакнуваат дека преживувањето во екстремни и непознати услови е важно за разбирање на отпорноста на организмите на Земјата и подготовка за идните населби за луѓе на Месечината или Марс.

Научниците додаваат дека спорите на мов продолжиле да ‘ртат по враќањето на Земјата, што ја потврдува нивната извонредна издржливост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ