вторник, 1 април 2025

Морска сол: Пријател на вашата кожа

Многу луѓе забележуваат подобрување на кожата кога се на одмор или пливаат во море. Дури и гребаниците, воспаленијата, осипите, егземата и псоријазата се лечат побргу.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Нашите тела ја содржат истата концентрација на минерали и хранливи материи како и морската сол. Затоа, не е изненадување дека морската сол е добра за нашето здравје, особено за нашата кожа.

Морската сол е полна со минерали коишто ѝ годат на кожата, како: магнезиум, калциум и калиум. Таа ги апсорбира токсините во телото и на површината на кожата, вклучувајќи ги и бактериите кои предизвикуваат акни, и функционира така што се справува со инфекциите и го забрзува процесот на излекување.

Разликата меѓу обичната и морската сол е во минералниот состав. Морската сол е полна со минерали кои имаат клучна улога во здравјето на нашата кожа. Морската вода е еден од најдобрите начини за третман на кожата.

Придобивки кои морската сол ги има за кожата:

  • Таа може да се справи со бактериите коишто предизвикуваат акни, ја воспоставува природната киселост во телото.
  • Прави детоксикација на телото.
  • Нуди витамини, минерали и хранливи состојки кои ѝ се потребни на кожата за да остане чиста и здрава.
  • Морската сол ги отстранува мртвите слоеви од кожата, па така поттикнува нов раст на кожа.
  • Ја поттикнува циркулацијата на крвта.
  • Ја враќа природната масна рамнотежа на кожата.
  • Може да спречи инфекции.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ