недела, 27 јули 2025

Морето се загрева, во јуни е измерена рекордна температура на водата

Средоземното Море станува сѐ потопло од година во година, а во јуни просечната температура на површината на морето била 24,3 степени.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Ова е највисоката просечна месечна температура во последните десет години, со дури 1 степен Целзиусов над просекот за тој период од годината, пренесува агенцијата АНСА.

Ситуацијата во Тиренското Море е исто така загрижувачка, бидејќи во јуни 2025 година, просечната површинска температура била 25,1 степени Целзиусови, што е загрижувачко за растителните и животинските видови.

Во Јадранското Море измерена е температура на водата од 24,1 степени Целзиусови, освен во источниот дел на Јадранот, по должината на крајбрежниот појас од Црна Гора до Албанија, каде што температурите на површината на водата биле значително пониски.

Алармот го вклучи организацијата Легамбиенте, која во раните утрински часови организираше акција покрај брегот на Јадранското Море, пловејќи со транспарент на кој пишуваше „Не е жешко, ова е климатска криза“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ