Според нивното мислење, младите не треба да земаат повеќе од две до три лажички од овој сладок нектар дневно, додека на лицата кои боледуваат од одредени болести не им се препорачува да земаат повеќе од една лажица дневно.
Луѓето со прекумерна тежина и оние кои страдаат од дијабетес, артеросклероза или хипертензија треба да бидат внимателни при консумирање мед.
Нутриционистите исто така предупредуваат дека секој може да биде алергичен на мед, без оглед на возраста. Оваа храна содржи киселини кои можат да го иритираат желудникот, па затоа прекумерната консумација на мед може да предизвика гастритис, па дури и чир.
Друга грешка што ја прават многу луѓе е додавањето мед во врела вода кога подготвуваат топол напиток како чај или кога медот се згуснува по долго време стоење и треба да се разреди.
Ако медот се стави во врела вода, тој ги губи своите корисни својства и произведува отров. Кога се подготвува чај, медот треба да се додаде само кога водата ќе се олади и сѐ уште е топла. Температурата на водата не треба да биде поголема од 40 Целзиусови степени.
„Во врела вода, произведува диоксометил супстанца, која е отров“, забележуваат експертите.






