понеделник, 30 март 2026

Митовите за колагенот разоткриени: Повеќе маркетинг отколку чудо

Колагенот во последните години се здоби со голема популарност како еден од најбараните состојки во светот на исхраната и убавината – се наоѓа во протеински плочки, пијалаци, па дури и во кремови за кафе.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Производителите тврдат дека колагенот помага во борбата против брчките, го продолжува чувството на ситост и ги зајакнува коските и зглобовите. Сепак, експертите предупредуваат дека маркетингот честопати создава нереални очекувања за неговите вистински ефекти, пренесува Њујорк тајмс.

Што е колаген?

Колаген е протеин кој ја формира основата на структурата на нашиот организам – присутен е во кожата, мускулите, коските, тетивите и сврзното ткиво. Веќе од дваесеттите години од животот, организмот произведува сè помалку колаген, а постојниот се разградува побрзо, што е причина зошто долго време се користи во козметиката. Денес сè почесто се додава во храна и пијалаци.

Производителите го додаваат во разни производи за да привлечат купувачи кои сакаат повеќе протеини или поубава кожа. На пазарот можат да се најдат: пијалаци кои ветуваат намалување на брчките, додатоци во исхраната кои тврдат дека го продолжуваат чувството на ситост, протеински плочки кои наводно го подобруваат здравјето на кожата и зглобовите.

Дерматологот Лорен Таља од „Нортвестерн медисин“ истакнува дека иако промоцијата на колагенот е добронамерна, таа често води до лажен впечаток за неговите ефекти.

Од каде доаѓа колагенот во храната?

Колагенот во додатоците во исхраната и преработената храна најчесто се добива од нуспроизводи од преработката на месо и риба – како што се коски, кожа и сврзно ткиво од крави и свињи. По обработката, колагенот е полесен за варење и може да се додаде во разни производи без изразен вкус.

Иако колагенот игра важна улога во организмот, експертите забележуваат дека неговото консумирање преку храна или додатоци во исхраната не значи дека протеинот ќе се користи директно таму каде што сакаме – во кожата или зглобовите. Организмот го разградува на аминокиселини и го користи според сопствените потреби.

Предупредување на експертите

Колагенот може да биде дел од балансирана исхрана, но не е „чудотворна состојка“ каква што се рекламира. Најважно е да имате реални очекувања и да знаете дека ниеден додаток не може да ги замени основните навики – квалитетна исхрана, доволно сон и грижа за вашето здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ