понеделник, 8 декември 2025

Мистеријата за „бродот на духови“ решена по 139 години (ВИДЕО)

Ловците на остатоци од потонати бродови со децении ги пребаруваат длабочините на езерото Мичиген за да ги пронајдат остатоците од познатиот брод „Ф. Џ. Кинг“, кој потонал на 15 септември 1886 година. Неговите остатоци биле толку недостижни што почнале да го нарекуваат брод на духови, пренесува списанието Археологија.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, тим од Историското друштво на Висконсин и Здружението за подводна археологија на Висконсин конечно успеа да го лоцира фантомскиот брод во близина на градот Бејлис Харбор.

Главниот истражувач Брендон Бејлуд го водеше проектот, потпомогнат од 20 граѓани, научници и историчари на заедницата.

Бродот „Ф. Џ. Кинг“ потонал пред 139 години, а по него интензивно се трага од 70-тите години. За неговото откритие дури била понудена награда од 1.000 долари, според Здружението за подводна археологија од Висконсин.

„Ф. Џ. Кинг“ бил долг 43 метри и бил изграден од дрво во 1867 година. Имал три јарболи и се користел за транспорт на жито и железна руда на Големите езера.

Капетанот на бродот, Вилијам Грифин, напишал дека неговиот брод „потонал 5 милји (8 метри) од брегот“, иако локалниот чувар на светилникот пријавил дека ги видел јарболите многу поблиску до копното. Ова несовпаѓање ги попречило претходните обиди за идентификување на местото на потонатиот брод. Сепак, чуварот на светилникот бил во право, бидејќи сонарот со странично скенирање ги откри остатоците од Ф. Џ. Кинг на помалку од еден километар од неговата регистрирана локација.

Според водечкиот истражувач Брендон Бејлоуд, трупот на бродот изгледал прилично добро сочуван по 139 години, што ги изненадило истражувачите кои очекувале да го најдат на парчиња поради тежината на товарот со железна руда.

Според извештаите, ова е петто значајно откритие на остатоци од брод од страна на членовите на Здружението за подводна археологија на Висконсин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ