сабота, 6 декември 2025

Мирисот на ова растение делува како седатив и нема несакани ефекти

Мирисот на ова растение на многумина им е познат како „крал на сите мириси“, но ретко кој знае колку позитивно влијае на луѓето и за што служи.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Ги неутрализира негативните емоции како што се несигурноста, лутината, вознемиреноста и ја ублажува депресијата. Затоа некои го нарекуваат „среќно растение“ бидејќи токму така влијае врз луѓето, позитивно.

Постојат неколку видови јасмин, но само два се погодни за есенцијални масла поради специфичниот мирис по кој е познат – тоа се Јасмин официналис (Jasminum officinale) и Јасмин грандифлорум (Jasminum grandiflorum).

Германски научници, предводени од професорот Ханс Хат од Универзитетот Хајнрих Хајне во Дизелдорф, потврдија дека мирисот на јасмин има позитивно влијание на психата, а со тоа и на телото.

„Мирисот на ова растение има ефект врз луѓето сличен на седативот Валиум, но без непријатните несакани ефекти“, изјави професорот по истражувањето спроведено врз глувци.

Кога почувствувале мирис на јасмин, глувците престанале да го прават она што го правеле, се смириле и седнале. Со скенирање на нивните мозоци, научниците утврдиле дека мирисот на јасмин ја ублажува анксиозноста.

„По вдишувањето на мирисот на јасмин, неговите молекули влегуваат во крвта и патуваат од белите дробови до мозокот. Скенирањето на мозокот откри дека ефектот на хемикалија наречена ГАБА врз нервните клетки е зголемен. Животните се смирија“, објасни тој.

Професорот и неговиот тим ги објавија резултатите од истражувањето во списание за биолошка хемија.

„Резултатите од истражувањето ги сметаме за доказ. Мирисот на јасмин би можел да биде подобар избор од разни лекови за лечење на анксиозност, несоница, за смирување и друго“, изјави професорот Хат како заклучок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ